Охриѓанката Мина Петреска триумфираше на турнирот за јуниорки до 12 години кој се одржа изминатиот викенд во Скопје и означи успешен почеток на новата сезона за охридските тенисери.

Петреска во финалето славеше во два сетови (6-4, 6-1) над Катја Ивановска од скопскиот клуб МТП и се закити со златен медал. Петреска со победата на турнирот во Скопје ја потврди доминацијата на охридскиот клуб во јуниорската конкуренција.

На турнирот во Скопје настапија Ива Кецкарова и Павел Стевковски но тие мечевите ги завршија во првата рунда, додека Ана Стојановска и Матеа Бимбилоска не учествуваа.

OhridNews