Бранителот на шампионскиот трофеј во НБА-лигата, Милвоки бакс, како и тимот на Голден Стејт вориоср изборија место во четвртфиналето од разигрувањето за титулата. Ова е епилогот по двете средби од најсилната кошаркарска лига на светот одиграни рано утрово.

Милвоки го победи Чикаго булс со 116:100 во натпревар на кој целосно доминираше и во текот на сите 48 минути ја имаше контролата врз резултатот. Бакс серијата со Булс ја завршија со вкупни 4:1 во победи.

Противник на Милвоки во конференциското полуфинале ќе биде Бостон селтикс.

Голден стејт до место во четвртфиналето се избори по триумфот над Денвер нагетс со 102:98. Гостите во последната четвртина влегоа со позитива од осум поени, но Вориорс последниот период го добија со 32:20 за крај на серијата со 4:1 во победи.

Во конференциското полуфинале „воините“ ќе го чекаат поуспешниот од пресметката Мемфис – Минесота (3:2 моментален резултат во серијата од првото коло).

OhridNews