Амбициозната мисија која има и научно – истражувачка димензија за пренуркување на Охридското езеро, продолжува во албанскиот дел од езерото.

Меѓународниот нуркачки инструктор Милутин Секулоски со својот тим денеска, по воден пат ,ќе ја премине Македонско – албанската граница од западната страна и ќе продолжи со пренуркувањето на Охридското Езеро. Мисијата Секулоски ја започна на 28 февруари, а вкупно под вода ќе мине над 80 километри од двете страни на езерото.

Потфатото искусниот меѓународен нуркачки иснтруктор го започна од пристаништето во Охрид, а во изминатиот период пренурка околу 30 километри во струшкиот крајезерски дел.

 

Проектот за пренуркување на езерото предвидено е да трае од три до четири месеци. Потфатот на Секулоски ќе биде преточен во документарен филм, а ќе биде реализирана и изложба на фотографии.

Покровител на проектот е претседателот на државата Д-р Ѓорѓе Иванов, а институционална поддршка пружаат министерствата за внатрешни работи и за одбрана, каде Секулоски работи во полкот за специјални операции. Генерален спонзор е „Пелистерка“, дел од опремата за овој несекојдневен потфат обезбеди познатата компанија за производство на нуркачка опрема „Скуба-про“, а поддршка даваат локалната самоуправа и бројни други помагатели.

OhridNews