Фудбалскиот клуб Црвена Ѕвезда пролетната полусезона во српскиот фудбал ќе ќе ја започне со нов тренер. На официјална пресконференција, Владан Милојевиќ го официјализираше заминувањето од клубот после две и пол години успешна работа.

Милојевиќ пред да биде ослободен од обврските од Црвена Ѕвезда имал задача да најде и одбере свој наследник. Тој го препорачал Дејан Станковиќ, кој е една од многуте легенди на белградските „црвено бели“.

Во текот на денов или можеби неделава, Станковиќ ќе има официјална промоција и ќе може комплетно да се насочи кон својот нов предизвик. Станковиќ богатата кариера ја започна токму во дресот на Црвена Ѕвезда, а еве и тренерската ќе има исто место за почеток.

OhridNews