Автор на поемата „Адам од Говрлево“ – прогласена за најдобра необјавена поема на македонски литературен јазик на анонимниот конкурс за наградата „Григор Прличев 2010“, распишан од издавачката куќа „Детска радост“ и Центарот за култура „Григор Прличев“ од Охрид, е Милован Стефановски.

Наградената поема „Адам од Говрлево“, која  има 960 стихови, се издвоила со својот квалитет и со „прличевскиот дух“ од 25-те ракописи кои пристигнале, соопшти жири комисијата.

Трдиционално, наградата свечено ќе биде врачена на 6-ти февруари 2011 година во Охрид.

OhridNews