Изјавите на претседателот на државата во врска со одлуките на владата за формирање нови универзитети и образовни институции, според министерот за надворешни работи и носител на листата на коалицијата „За подобра Македонија“ во 5-та ИЕ, Антонио Милошоски, претствува индиректно мешање во предизборната кампања. Сметаме дека г-нот Црвенковски треба да биде неутрален и да не дава коментари особено не во области во кои многу малку направил тогаш кога имал можности да го направи тоа“, рече Милошовски.


Црвенковски треба да остане неутрален смета Милошоски

Во врска со изјавите на лидерот на либералите, Стојан Андов,  дека ВМРО ДПМНЕ со најавите за референдум го доведува во прашање идентитетот на нацијата и уставното име на државата, Милошоски рече дека  токму Андов бил еден од активните политичари кој заедно со тогашната власт без никаков мандат се согласил на измена на уставното име и ја прифатил референцата Поранешна Југословенска Република Македонија. Иако јавноста беше убедувана дека привремената референца ќе биде сменета за два месеци, оттогаш поминаа 15 години и ние се обидуваме да ја исправиме таа грешка. На 1 јуни граѓаните ќе кажат кому повеќе му веруваат, рече Милошоски.

Милошовски изрази задоволство од досегашниот тек на кампањата, но и загриженост од однесувањето на како што рече, некои  активисти на политичките партии на македонските Албанци кои ги сфаќаат изборите на поинаков начин. „Упатуваме апел дека изборите се празник на демократијата и не смее насилството да биде злоупотребено бидејќи тоа го нарушува угледот не само на политичките партии туку и на Државата“,рече Милошовски.

Милошоски соопшти дека општинската организација на НСДП од Ресен денеска потпишала договор за соработка со ВМРО ДПМНЕ и ќе ја поддржи коалицијата „За подобра Македонија“. Во рамки на предизборната кампања Милошоски денеска го посети Плаошник каде истакна дека и натаму ќе продолжи инвестирањето во археологијата, бидејќи, како што рече, тоа се артефактите на нашиот идентитет и нашите културни вредности. 


Милошоски си купи верски календар од Плаошник

ohridnews