Милошоски оцени дека досега пристигнатите понуди за купување на ЕМО не биле сигурни.Според него целта е да се изнајде стабилен инвеститор кој ќе ја стабилизира компанијата, на што како што рече, владата интензивно работи.
Раководството на ЕМО, го информираше министерот Милошоски за состојбите во некогашниот охридски стопански гигант. Генералниот директор на компанијата, Коста Димитров, изјави дека и покрај долговите од 5 милиони евра, ЕМО добро функционира. Компанијата работи, платите редовно се исплаќаат, а на повидок е и решение за наплата на речиси 10 милионскиот долг од Ирак и Сирија, со што сериозно ќе се зголеми цената на ЕМО на пазарот, рече Димитров.