Носителот на кандидатската листа на коалицијата „За подобра Македонија“, Антонио Милошоски, во рамки на предизборните активности денеска ќе ја посети компанијата ЕМО, каде ќе оствари разговор со  менаџерскиот тим и со вработените.

Милошоски потоа ќе земе учество на трибината со преставнички од сите организации  на жени од Охрид, здруженија на инвалиди и други невладини организации, која ќе се одржи  во големата сала во Општина Охрид.

Носителот на листата на коалицијата „За Подобра Македонија“ денеска ќе ја посети и Општата болница Охрид, каде
ОК ВМРО ДПМНЕ Охрид ќе подари слика на одделот за геријатрија. Предизборните активности денеска, Милошоски ќе ги заврши со средби со граѓани.

ohridnews