При вчерашната посета на културните институции во Охрид, носителот на листата на коалицијата “За подобра Македонија“ за ИЕ 5, Антонио Милошоски, заедно со кандидатите за пратеници од Охрид, ја посети и градската библиотека “Григор Прличев“.
Милошоски во посета на градската библиотека
Од директорот на оваа институција и вработените, Милошоски беше информиран за проблемите со кои библиотеката се соочува последниве 2 години, од аспект на немање доволно простор за нормално функционирање на установата и задоволување на потребите на граѓаните на соодветно ниво. Антонио Милошоски во оваа прилика го пренесе ставот на премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, дека тој лично ќе се заложи за надминување на просторните проблеми, со што на охриѓани ќе им се овозможи да имаат пристојни услови за користење библиотечниот фонд на градската библиотека “Григор Прличев“.
извор: ОК ВМРО ДПМНЕ