Министерот за надворешни работи на Република Македонија, Антонио Милошоски вчера одржа предавање во Факултетот за општествени науки – ФОН, во Струга. Повод за посетата на ФОН е добивањето на акредитацијата за работа на оваа високо образовна установа, а причина повеќе е и тоа што на факултетот постои и смер  дипломатија, рече Милошоски.

Ние како министерство ќе стоиме на располагање на ФОН и со кадри и со предавачи да помогнеме студентите да имаат што поквалитетни предавања“, рече Милошоски.


Професорите и студентите на ФОН

Министерот за надворешни работи одржа предавање пред студентите на ФОН, при што истакна дека “ова е време на млади и способни и за секого има место. Знаеме дека очекувањата и потребите се големи, но оваа влада отвори простор за оние кои имаат знаење да се вклучат во државниот, приватниот и образовниот сектор и сите заедно да работиме за една подобра Македонија“.

Министерот Милошоски синоќа во Охрид присуствуваше на потпишувањето на Меморандумот за разбирање помеѓу владата и НАТО, кој се однесува на организацијата на Безбедносниот форум на НАТО, што кон крајот на јуни ќе се одржи во Охрид.


Министрите Ќахил, Милошоски и Еленоски
на потпишувањето на меморандумот