“Македонија и евроинтеграцијата“ е тема на трибината што денеска (10ч.) ќе се одржи во спомен куќата на Григор Прличев. На трибината ќе говори Антонио Милошоски, носителот на листата на коалицијата “За подобра Македонија“ во 5-та ИЕ. Во знак на поддршка кон досегашните, и идните евроинтеграциски напори на оваа влада, на граѓаните ќе им се обрати и Берндт Поселт, координатор на пратеничката група на ЦДУ од Германија и член на комисијата за надворешна политика на Европарламентот, соопшти ОК ВМРО ДПМНЕ.
По завршувањето на трибината Милошоски и Поселт, ќе одржат прес конференција по што заедно со кандидатите за пратеници од Охрид, ќе се прошетаат по охридската чаршија, каде ќе остварат средби и разговори со граѓаните.
извор: ОК ВМРО ДПМНЕ
Центар за комуникации
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com