” Република Македонија во своето постоење е Европа во мало “, рече Антонио Милошоски, носител на кандидатската листа за пратеник во 5-тата изборна единица од Коалицијата ” За подобра Македонија” , кој денеска одржа предавање за Европската Унија пред студентите на ФТОН. Милошоски зборуваше како Република Македонија гледа на Европската Унија и што значи таа за нас, при тоа истакнувајќи дека  Македонија, без разлика што се уште не е членка на ЕУ, ги има вградено во своето општество стандардите и принципите на Унијата.


Антонио Милошоски

       
Посетата на Охрид, Милошоски ја продолжи на тркалезната маса на тема ” Информатичко општество ” во хотелот               ” Милениум Палас”, каде што најави отворање на универзитет  за информатичка технологија и други сериозни инвестиции од оваа сфера во основните и средните училишта.
       
За благодетите на информатичката технологија зборуваше и министерот за информатичко општество во техничката влада, Иво Ивановски кој кажа дека Македонија мошне доцна зачекори во светот на информатиката, но дека се прават напори да се следи ерата на компјутеризацијата. Во таа насока, Ивановски потенцира дека  за усовршување на информатичката технологија, лани и годинава, Владата доделува по 125 стипендии.  Како што најави тој,  завршен е тендерот за  поставување инсталација за компјутери во основните училишта, додека во средните, инсталацијата е веќе поставена  и доколку се согласат менаџерите на училиштата, за секој ученик ќе има по еден компјутер.
       
Антонио Милошоски, заедно со своите соработници, денеска ја посети и охридската чаршија, при што оствари непосредни контакти и со граѓаните.