Носителот на кандидатската листа за пратеници на коалициијата „За подобра Македонија“, Антонио Милошоски, денеска ќе има повеќе предизборни активности во Охрид.

Најпрвин Милошовски ќе оствари средба со студентите од  “Факултетот за туризам и угостителство-Охрид“ пред кои ќе одржи предавање. Милошоски потоа ќе земе учество на тркалезната  маса со претставниците на ИТ секторот на  тема “Информатичко општество“ на која ќе учествува  и министерот за Информатичко општество, Иво Ивановски.

Предизборните активности во Охрид, Милошовски денеска  ќе ги заокружи со  кратка прошетка по охридската чаршија.

Ohridnews