Носителот на листата на кандидати за пратеници од 5-та Изборна единица од коалицијата  „За подобра Макдонија“, Антонио Милошоски, денеска ќе биде меѓу охриѓани.

Според агендата, Милошоски, предизборните активности ќе ги почне со  посета на градскиот пазар каде ќе има разговор со пазарџии и земјоделци. Попладне, носителот на листата од коалицијата „За подобра Македонија“ во петката ќе го посети Европскиот универзитет, каде ќе одржи  предавање на студентите.

Милошоски во х.  “Ривиера“  ќе учествува на трибина на тема “Туризмот и угостителството во Охрид “. На трибината најавено е и присуство на  кандидатите за пратеници од Охрид и на претседателот на ДОМ,  Лилјана Попоска.