Човек е успешен доколку е опкружен со среќни и задоволни луѓе. Целиот мој живот го посветив работејќи со луѓе, помагајќи да ја остварат својата среќа. Во животот се исправив пред уште еден предизвик, а тоа е можноста да помогнам на Охрид и охриѓани, нашиот град да биде поубаво место за живеење, рече на денешниот завршен прес, кандидатот за градоначалник од ВМРО ДПМНЕ, Митре Милошевски.

  • Успехот е резултат на посветеноста, на одговорниот однос, на дисциплината, на знаењето, на вештините. Стремежот кон успех мора да е континуиран, само така се достигнува целта. Како човек што живее во Охрид, не се откажувам никогаш, се трудам да ги остварам целите, да ја оправдам довербата. Охрид мора да е убав. Охрид мора да функционира. Градот мора да се развие, бизнисот да функционира, да има приходи и да има успеси, додаде Милошевски.

Истакна дека зад презентираната програма стои неговиот збор и углед, а на граѓаните на Охрид им порача заедно да направат добри дела за поубав град. Да гласаат за убав град, да го заокружат бројот 5.

OhridNews