Со визија и сила, преголема одговорност и позитивна енергија влегуваме во успешна кампања за локалните избори, истакна на денешната прес конференција кандидатот за градоначалник од ВМРО ДПМНЕ, Митре Милошевски.
- Отвореноста со народот и охриѓани, продолжува и со Канцеларијата за граѓани, јакнејќи ги демократските капацитети на градот. Раката е подадена за секој граѓанин бидејќи сите сме една целост. Секое место, секое маало, секоја улица, секој праг е Охрид. И заедно ќе бидеме и во овој период и потоа. Тие што вистински го сакаат својот град, работат за него, го сакаат со дела, рече Милошевски.
Додаде дека за него политиката е одговорност и натпревар на идеи каде проектите ќе бидат остварени потпирајќи се на принципите на чесност, посветеност и одговорност.
- Охрид мора да е убав и во него може да се живее убаво. Охрид мора да функционира и да се усовршува вистински со европски и современ лик. Охрид гордо ќе чекори по патот на достоинството и можностите, а не понижено по патот на црнилата и небиднината. Охриѓани се вредни луѓе, еснафи, домаќини, и заслужуваат и подобро и повеќе. Ги знаеме проблемите и имаме решенија кои ќе Ви ги презентираме секојдневно. Треба да се работи, да се работи и да се работи, да се чувствува пулсот на градот, да се биде посветен, рече Милошевски.
OhridNews