Заштитата и промоцијата на културните особености и цивилизациските вредности кои оставиле трага на просторот на градот Охрид се наша стратегиска заложба. Со програмата За убав град нашата цел е нов концепт за развој и промоција на туристичкиот развој на Охрид преку унапредување на културниот амбиент во градот и збогатување на културната понуда за граѓаните и туристите. Унапредување на културата на припадниците на етничките заедници, рече на денешната прес конференција кандидатот за градоначалник од ВМРО ДПМНЕ, Митре Милошевски.
- Плоштадот тука кај Долна Порта да биде плоштад на културата, редот кој мора да се воведе ќе помогне да се избегне панаѓурскиот изглед на Охрид во туристичката сезона. За убав град Охрид мора да добие Летно кино. За убав град обнова на фасадите и илуминација на куќи со иста архитектура. Со овој проект ќе се обноват фасадите и надворешна илуминација кои со својот архитектонски изглед претставуваат една визуелна целина која има и архитектонско и историско значење за градот. За убав град специјално осветлување на верските, културните и историските објекти и знаменитости и оплеменување на јавните површини во нивната околина. Обележување на културни историски и археолошки локалитети со легенда. Означување на локациите во градот од каде што се напишани староградските песни со кратка легенда и текстот на песната, истакна Милошевски.
Милошевски додаде дека во програмата опфатено е и поставување рекламни билборди со автентични фотографии од стар Охрид, типизирани тезги, определување и уредување на изложбено продажен простор во чаршијата со изработка и поставување на типизирани штандови за продавање на сувенири и сл. и нивна замена со досегашните тезги на строго определени локации во градот.
- Улогата на туризмот во развојот на туризмот е голема затоа заложбата ќе биде максимална за развој и промоција на културниот, езерскиот, спортскиот, алтернативниот туризам, но и на најразличните видови туризам. Одржување на туристичката „Промотивна Тура“. Промотивниот настан „Промотивна Тура“ присуствуваат туристички работници и медиуми од таргетирани земји како потенцијални туристички подрачја, на четиридневен престој во Охрид, при тоа посетувајќи ги сите најзначајни туристички локалитети во градот и околината, запознавајќи се со природното и културното богатство на градот и воедно се запознаваат со туристичката понуда на градот и можностите за соработка со туристичкиот сектор од Охрид. На тој начин се овозможува широка медиумска промоција на Охрид како и креирање на нови пакет аранжмани. Концептот за убав град не застанува тука со проекти од областа на културата и туризмот, рече Милошевски.
OhridNews