Грижатa, солидарноста и хуманоста за нашите сограѓани е насочена кон обезбедување достоинствен живот. Охрид мора да биде град на еднакви можности и шанси за сите. Град на нови дела за напредок и убаво место за живеење, истакна на денешната прес конференција кандидатот за градоначалник од ВМРО ДПМНЕ, Митре Милошевски.
Притоа, Милошевски, како дел од својата изборна кампања, го најави „Проектот за изградба на социјални станови“.
- Целта е станбено решавање на социјалните случаи кои се најзагрозени. Изградба на станови кои ќе може да ги користат семејствата со социјален ризик, огромна помош да добијат свој дом, но исто така и оние граѓани кои заради временски непогоди или несреќен случај го изгубиле својот дом. За убав град, лично ќе се заложам за проширување на меморандумот за соработка со Општата болница, рече Милошевски.
Најави доделување еднократна парична помош за секое првородено дете – 6000 денари, второродено 9000 денари, третородено – 12 000 денари, четврто – 15 000 денари.
Програмата содржи и субвенции на комунални трошоци за ранливи категории на граѓани.
- Патеки за слепи лица како предуслов за обезбедување на самостојно живеење и непречено движење на слепите лица, можност за субвенционирање на граѓани со над 50 години при само-вработување во социјални активности. Целта е поврзување на двете категории граѓание, едната повозрасната категорија граѓани и онаа категорија граѓани кои се во сотојба на социјално-заштитна потреба и имаат потреба од услуги од типот чување на деца и на стари изнемоштени луѓе. Нашите заложби со новата Локална самоуправа ќе бидат намалување на зависноста на граѓаните од волјата на поединци во институциите. Мерките мора да функционираат за заштита или превенција од длабока сиромаштија и од наталожување од социјални ризици кај граѓаните, потенцира Милошевски.
OhridNews