Реконструкација на градскиот плоштад „Св. Климент Охридски“, најави кандидатот за градоначалник на Охрид од ВМРО ДПМНЕ, Митре Милошевски. Како што потенцира на денешната прес конференција во рамки на изборната кампања, градскиот плоштад има потреба од проширување и дополнително уредување со комплетно партерно уредување.

  • Новиот и модерен плоштад ќе биде гордост на охриѓани и туристите. Културните, музичките и останати манифестации заслужуваат нов убав уреден плоштад. Охриѓани и туристите мора да добијат модерно место за релаксирање, разговор и пријатно поминато слободно време. Покрај тоа, со уредувањето на нови и одржувањето на постојните паркови придонесуваме за поубав и позелен лик на градот, рече Милошевски.

Најави дека наредните денови ќе бидат презентирани и многу други проекти од програмата, се во насока на поубав Охрид.

  • Охрид и охриѓани го заслужуват тоа. Број 5 за работа, успех и иднина! 5 за Убав Охрид, 5 затоа што Охрид повикува!, порача Милошевски.

OhridNews