Охриѓани и туристите да добијат нови велосипедски и пешачки патеки, нови пешачки зони. Граѓаните имаат право на тоа, а обврска на новата Локалната самоуправа ќе биде да им обезбеди слободно и безбедно движење, истакна на денешната прес конференција кандидатот за градоначалник од ВМРО ДПМНЕ, Митре Милошевски.

  • За убав град: Изградба на велосипедска патека Охрид–Свети Стефан. Охриѓани и гостите мора да се движат безбедно на потегот од излезот од градот до Свети Стефан. Велосипедистите преку здрави навики за возење велосипед активно ќе го користат своето слободно време. Во непосредна врска е мерката за субвенционирање за купување велосипед со која граѓаните се мотивираат почесто да го користат со цел поздрава околина и почист воздух. Ќе се субвенционира половина од вредноста на чинење на велосипедот, но не повеќе од 4000 денари, потенцира Милошевски.

Кандидатот за градоначалник од ВМРО ДПМНЕ додаде дека неговата изборна програма содржи и изградба на музеј на Охридско езеро, нова атракција за убав Охрид во близина на каналот Студенчишта каде што охриѓани и посетителите ќе се запознаат со богатата флора и фауна, изградба на авантуристички (адреналински) паркови, опрема и реквизити за забава како висечки скали и патеки, качувачки карпи и слично, како и обележување на улиците со современи пластифицирани материјали.

Милошевски најави и реконструкција и изградба на потпорни ѕидови и улици во стариот дел од градот, како и изградба на потпорен ѕид во Коњско.

OhridNews

.