„За убав град и за потребите на жителите во населбата „Радојца Новичиќ“, нашата цел ќе биде изградба на повеќенаменско спортско игралиште како и детски игралишта на повеќе локации во неколкуте Урбани заедници“, рече на денешната прес конференција кандидатот за градоначалник од ВМРО ДПМНЕ, Митре Милошевски.

  • Приоритена задача е да ги исчистиме и уредиме речните корита на реките Сушица и на Коселска река во Долно Лакочереј. За учениците современи услови со реконструкција и доуредување на ОУ „Кочо Рацин“. Поставување автобуски постојки за жителите да имаат услови да чекаат на точно одредените локации, додаде Милошевски.

Најави асфалтирање на улиците „Прилепска“, „28 Април“ и на сите споредни улици во Радојца Новичиќ, реконструкција на тротоарите на улица „Радојца Новичиќ“ како и поставување улично осветлување, замена на водоводната линија, односно замена на азбесните цефки со нови пластични, водоводна мрежа и атмосферска канализација на улица „Будва“, фекална канализација на улица „Железничка“, „Будва“ и „Александар Турунџиев“, асфалтирање на улици во село Горно Лакочереј и Долно Лакочереј.

  • Овие дела се остварливи и нема да бидат како зборовите што беа зборови на СДСМ. Ветувањата на СДСМ и Констатин Георгиески останаа само празно слово напишано на хартија. Во програмата за убав град инфраструктурните, водоснабдителни и канализациони системски решенија се меѓу првите проекти затоа што се во интерес на граѓаните, како и за почиста и поздрава животна средина. Инвестирањето во патна инфраструктура, солидна инфраструктура е наша обврска, потенцира Милошевски.

OhridNews