„Патната инфраструктура и транспортот се лицето на градот. Изградбата и одржувањето на локални патишта овозможува одржлив развој на градот како туристички центар и услови за безбеден и динамичен сообраќај“, истакна на денешната прес конференција кандидатот за градоначалник од ВМРО ДПМНЕ, Митре Милошевски.

Презентирајќи дел од предизборната програма, Милошевски најави реконструкција на улиците: Абас Емин, АСНОМ, Егејска и Македонски просветители; изградба на улиците: Јордан Мијалков, 7 Ноември, Јане Сандански, 1 Македонска ударна бригада. Поплочување и одржување на тротоари и улици: асфалтирање на улиците Александар Турунџе, Партизанска, Прилепска, Будва, Анастасија Узунова, Дејан Војвода, Стив Наумов, Дебарца, населба Бејбунар, Даме Груев, Ванчо Питошески, Охридска Бригада, Кирил и Методиј од Горна порта до Дрвара. Во Љубаништа уредување на пешачка патека од селото до автокампот, уредување на улици во село Љубаништа и Трпејца; во Пештани улица Климент Охридски; асфалтирање и уредување на улици во Долно Коњско, Рача, Велестово, Рамне, Подмоље, Орман, Горно Лакочереј и Долно Лакочереј, Велгошти, Лескоец, Косел и Вапила. Набавка на инсталација на асфалтна база во едно Јавно претпријатие.

  • Охрид мора да биде безбедно место за живеење преку изградбата на ефикасен систем на превенција и заштита од пожари. Проекти за безбеден и убав Охрид: Изградба на хидрантска мрежа, Набавка на нова опрема за противпожарна станица, Курсеви за пожарникари на меѓународни семинари, Набавка на нови возила. Набавка на специјален пловен објект за превенција и интервенирање при итни ситуации во медицинска, противпожарна, спасувачка цел по охридското крајбрежје, најави кандидатот Милошевски.

OhridNews