Субвенционирање на дел од патните трошоци на просветните работници кои патуваат од град во рурални средини и обратно до своето работно место, најави кандидатот за градоначалник на ВМРО ДПМНЕ д-р митре Милошевски, доколку ја добие довербата од граѓаните на изборите на 5 мај.

-Со оваа мерка се субвенционираат дел од патните трошоци на просветните работници кои патуваат од град во село и обратно до своето работно место. Исплатата од страна на општина Охрид ќе биде по основ на Заклучок донесен од страна на Комисијата за финансии и буџет при Совет на општина Охрид. – рече Милочевски.

Кандидатот Милошевски најави и воведување на едносменска настава преку која ќе се постигне во голем дел синхронизација на работното време на родителите со дневното време на учениците поминато во училиште. Компатибилно на овој проект, проектот бесплатна здрава храна за ученици од прво до петто одделение нуди децата кои посетуваат настава да добиваат редовни, здрави оброци (доручек и ручек). Со оваа мерка и учениците и децата би имале повеќе заедничко време, а истовремено и училишните обврски би биле завршени, истакна Милошевски.

Дел од програмата во областа на образованието на Милошевски е и иницијативата за отворање средно ликовно и музичко училиште, како и  бесплатен превоз 24 часа за сите ученици од основно и средно образование.

-Развивање претприемачки дух преку отворање реални училишни компании во средните училишта нивно вмрежување со бизнис-секторот за поддршка на практичната настава. Учество во соработката со бизнис-секторот за обезбедување финансиски средства од самофинансирачка активност. Поддршка за млади таленти преку доделување годишни награди, стипендирање на талентираните студенти, средношколци и основци, стипендирање на социјални категории на студенти, средношколци, основци како и преземање активности за обезбедување финансиски средства за учениците со послаба материјална состојба, промовирање на југозападен регионален училишен центар, најави д-р Митре Милошевски.

OhridNews