Разубавувањето на делот околу Охридското Езеро е наш приоритет. Охриѓани и туристите заслужуваат нови уредени катчиња за поубав и позелен лик на градот, рече на денешното обраќање до јавноста кандидатот за градоначалник од ВМРО ДПМНЕ, Митре Милошевски.
Во таа насока, во рамки на својата предизборна програма, Милошевски најави изградба на нов плоштад Студенчишта.
- Пешачко-рекреативните патеки од мостот кон Парк и од Котва до Билјанини Извори наметнаа потреба да се изгради нов модерно хортикултурно-уреден парк на просторот од пресекот на улиците „Кеј Македонија-АСНОМ“ и ресторанот „Котва. На самиот плоштад, ќе има и парк за миленици кој ќе биде ново препознатливо место во градот, а додека сме тука да потенцирам дека состојбата со бездомни животни веднаш ќе биде решена, рече Милошевски.
Најави и изградба на Кеј како модерно шеталиште за охриѓани и туристите, реконструкција на плоштадот Чинар, уредување на парковите на влезовите на Охрид, доуредување на плоштад во Љубаништа.
Програмата предвидува и партерно уредување, изградба на пешачки и велосипедски патеки.
- Со напорна работа и максимална посветеност да придонесеме за подобра Локална самоуправа. Градот мора да се развива и да има успеси. За подобри улици, патишта, канализациони мрежи, учлишта, градинки, спортски сали, паркови, локални индустриски зони, и многу многу други проекти. Нашата работа ќе биде таа која носи поубав и подобар град, подобар живот и подобра иднина, додаде Милошевски.
OhridNews