Бесплатна здрава храна за ученици од прво до петто одделение!, најави кандидатот за градоначалник од ВМРО ДПМНЕ, Митре Милошевски.

Како што нагласи Милошевски, со имплементирањето на овој проект, директно се овозможува да се субвенционираат младите семејства кои имаат дечиња и им учат од прво до петто одделение, а истовремено се поттикнуваат учениците да практикуваат здрави навики, навремено да се исхрануваат и да користат разноврсни продукти полезни за нивниот раст и развој.

  • Целта на проектот е избегнување на брзата храна и воведување на нови стандарди и практики. Родителите го штедат домашниот буџет, а се спокојни во однос на тоа со каков квалитет на храна се исхрануваат нивните деца. Само образовано население со здрави навики може соодветно да им одговара на предизвиците од модерното општество, рече Милошевски.

Додаде дека ВМРО-ДПМНЕ секогаш е на страна на граѓаните и одлуките кои ги носи и дека ги носи единствено во полза на охриѓани.

OhridNews