Децата се нашата иднина, вложувањето во нив, во знаењето е сила што ќе ги придвижи сите. Силата на нашиот град потекнува од нашите различности. Развојот на различностите е доказ за слободоумието и инклузивната култура како белег на Охрид, истакна кандидатот за градоначалник на ВМРО ДПМНЕ д-р Митре Милошевски, на прес кнференцијата што претпладнево се одржа во населбата Лескајца. Тој упати искрени честитки до припадниците на ромската заедница по повод 8 Април – Меѓународниот ден на Ромите, истакнувајќи дека моделот на почитување на различностите е најголемата сила.
Д-р Милошевски најави посветеност кон унапредувањето и развојот на образованието со цел обезбедување квалитетна настава и креирање можности за унапредување на воспитно-образовниот процес.
Проектот реконструкција или доуредување на градинки, основни и средни училишта ќе значи:
На мое огромно задоволство изградба на ново училиште „Братство-Единство“ во Лескајца,
Реконструкција на училишната зграда на ОУ „Св. Климент Охридски“,
Реконструкција на училиштата во Долно Коњско и Елшани,
Реконструкција на дограма поткровје на ОСУ „Свети Климент Охридски“,
Реконструкција на санитарни јазли во сите образовни институции, но ќе бидеме отворени и за останатите проекти коишто ќе дојдат како предлог од самите училишта до Локалната самоуправа.
Изградба на нова детска градинка, како и продолжување на започната реконструкција од пред две години на градинките Росица и Развигорче, а сега и на градинката Лихнида. – рече Милошевски.
Кандидатот за градоначалник на ВМРО ДПМНЕ додаде дека образованието претставува основен предуслов за решавање на проблемите од современото живеење и дека само образована и стручна младина во современи услови ќе одговорина предизвиците од модерното општество.
Охрид и охриѓани заслужуваат нови реформи и проекти во образованието. Визијата е да имаме квалитетно образование, просперитетно и модерно образование. Силно образование за убав град! – порача Милошевски.
OhridNews