Македонската фудбалска експедиција пристигна во Подгорица каде в среда го игра пријателскиот натпревар со селекцијата на Црна Гора. Во отсуство на капитенот Седлоски најискусен во нашиот тим е голманот Петар Милошевски:

Лично немам многу информации за противникот иако од она што го следам преку медиумите знам дека станува збор за исклучително млада и амбициозна селекција која својот збор треба да го каже во периодот што доаѓа. Сигурно дека Вучиниќ и Јоветиќ се главни ѕвезди во нивниот тим засилени со уште неколку интернационалци можат да бидат незгоден противник. Мислам дека најважно е да го продолжиме континуитетот на добри игри по што резултатите мора да дојдат сами по себе. Со ова сакам да кажам дека поразот на Исланд остави трага во нашето бодовно салдо но не и врз нашата мотивираност да ја продолжиме битката за втората позиција на табелата.

Натпреварот Црна Гора – Македонија ќе се одигра в среда со почеток во 17.30ч.

Ohridnews