Во тимот на Вардар пристигна како талентиран и надежен голман, а по една сезона Дејан Милосављев заминува како вистински шампион и квалитетен чувар на мрежата. Српскиот репрезентативец ги исполни детските соништа триумфирајќи со Вардар во Лигата на Шампиони, а шлаго на тортата беше индивидуалната награда за најдобар голман.

  • Сето ова ми делува дека не е вистина. Ова е лудница. Од симпатизерите не смеам на улица да излезам. Македонците многу го сакаат ракометот. Ќе ми треба време да дојдам при себе од турнирот во ЛШ. Морам да ги гледам двата натпревари и да видам што се случи, бидејќи на ништо не се сеќавам.  Играчите на Вардар фантастично ме примија и воопшто не се осеќав како нов во екипата. Сите се дружевме, многу време поминувавме заедно и мислам дека тука е клучот на успехот. – изјави српскиот голман.

Милосављев кој потекнува од Ракометниот клуб Југовиќ кариерата ќе ја продолжи во германски Фуксе Берлин. Вардар во летниот преоден рок ќе треба да најде адекватна замена за Милосављев со кој ќе атакува на нов пласман на Ф4 и титула.

OhridNews