Очите на фудбалска јавност во Англија в среда ќе бидат вперени на Олд Трафорд, каде во градската пресметка силите ќе ги одмерат Манчестер Јунајтед и Манчестер Сити. Бодовите од дербито имаат посебно значење за гостинот кој води мртва трка со Ливерпул за титулата во Премиер лигата, додека „црвените ѓаволи“ се борат за пласман во ТОП 4.
Прв пат во животот ќе навивам за Манчестер Јунајтед, но нема да го гледам натпреварот. Мислам дека е губење на енергија да сакаш некој друг да постигнува голови. Не можам ништо да направам околу победникот и затоа не сакам да го гледам мечот. Можеби ќе го тргнам и телефонот и подоцна ќе проверам како завршил натпреварот. – изјави фудбалерот на Ливерпул, Џејмс Милнер.
Манчестер Сити има два бодови помалку од Ливерпул, но има меч помалку на три рунди до крајот на Премиер лигата. Победа на Олд Трафорд ќе значи голем чекор напред за „граѓаните“ кон титулата. Мечот се игра в среда со почеток во 21 часот.
OhridNews