Познати по иновативноста на полето на гастрономијата, американците осмислиле нов специјалитет „Shake Bacon“, односно милкшејк со вкус на сланина. После милкшејк од чоколадо, јагода и банана, пристигнал и десерт со благо-солен вкус кој бил лансиран од ресторанот за брза храна “Jack in the Box”.
Како што пишуваат медиумите, новиот млечен производ имал повеќе од илјада калории, а се состоел од сладолед од ванила и сируп од сланина, со прелив од слатка павлака и вишна како украс. Оние кои го пробале овој необичен спој на слаткото и соленото воглавно останале згрозени. Нивните реакции за новиот десерт биле целосно негативни.