По цели  290 минути игра под водство на Ѓуровски, “црвено – црните“ го пронајдоа патот кон противничката мрежа. Прекинот на долгиот пост го направи Емрлуаи. Сепак за победа и три бода Ѓуровски , ќе мора да почека барем уште една недела.

Се обидов со внесувањето во игра на напаѓачите Јанчевски и Милосављевиќ да дојдеме до втор гол и победа, бидејќи се плашев да ни се случи тоа што не снајде на крајот. Во клубот сум само 20-тина дена и ќе треба уште време да се работи со овие млади играчи пред се на психолошки план, рече Милко Ѓуроски тренерот на Вардар кој се’ уште ја нема почувствувана сласта од победата на клупата на Вардар.

Секоја чест за храброста на двата тренера. И Ѓуровски и Костов во последните триесет минути со офанзивни замени. Кај Вардар, Јанчевски и Милисавлевиќ, додека кај Ренова Андоновски и Исмаили.

Бодот што го освоивме беше плод на нашата упорност. Играчите не застанаа во текот на целиот натпревар. Во првиот дел имавме многу подобри шанси кои не ги реализиравме, во вториот дел ризикувавме во играта со тројца напаѓачи, ризик кој на крајот се исплатеше , рече по мечот Влатко Костов, тренерот на Ренова, кој нема пораз по “преселбата“ во Охрид.

М.П.