Николас Бергруен, 46 годишен Американец, одлучил да го подели своето богатство од 3 милијарди долари во добротворни цели.

Своето богатство го стекнал со разни инвестиции и медиумски бизнис, а неговиот интерес за понатамошно богатење опаднал откако ја заработил првата милијарда.

Бергруен започнал со продажба на својот имот меѓу кој се станови во Њу Јорк и вила на Флорида, а во иднина планира да го продаде и својот автомобил.

Тој не е оженет и нема деца, а своето богатство планира да го остави за добротворни цели, за што планира да основа фондација.

„Мислам дека светот во кој живееме е премногу материјалистички, а за мене поседувањето предмети не е интересно. Животот во опкружување каде што треба да се покажува своето богатство не е возбудлив.Се што поседувам е привремено. Со оглед на тоа што на овој свет сме само кратко време, важно е што работиме, важни се нашите дела кои вечно ќе траат. Тоа е вистинската вредност“ – рекол Николас Бергруен кој во последно време се обидува да ги избегне новинарите кои се интересираат за него.