Еј, милицајско фиќо! – со неверување деновиве извикуваат загребските возачи и пешаци кога ќе го видат Албино Уршиќ, во својот оригинален олдтајмер.

Го прашуваат сопственикот на дали можеби се снима некој филм, но најголемата непријатност ја имал пред некој ден кога полициска патрола го запрела и му побарала документи.

Полицајците биле шокирани кога виделе дека со документите на фиќото е се` во ред. Албино објаснил дека никаде во законот на Хрватска не пишува дека не смее да вози вака дизајниран автмобил. Му ги вратиле документите со зачудени фаци.

„Тоа ви е исто како да се облечете во униформа на австро-унгарска војска“ вели Албино. „Во законот пишува дека на возилото не смее да има ознаки од активни служби. А милицијата е минато што предизвикувало страв. Затоа и го возам, да ги ослободам луѓето од тој страв.“

v-list

С. Костоски