Фудбалерот на Реал Мадрид, Едер Милитао, се здоби со мускулна повреда на десната нога на натпреварот на Бразил против Колумбија во квалификациите за Светското првенство 2022.
Според „Марка“, 23-годишниот дефанзивец, може да го пропушти не само натпреварот против Шахтјор во Лигата на шампионите на 19 октомври, туку и натпреварот против Барселона во Ла Лига на 24 овој месец.
Во тековната сезона, Милитао има одиграни осум натпревари во шпанското првенство.
Реал е лидер на табелата со 17 бода, исто колку што имаат и второ и третопласираниот Атлетико Мадрид, односно Реал Сосиедад.
OhridNews