Повеќе од милион симпатизери излегоа на улиците и ги поздравија фудбалерите на Фламанего кои го освоија трофејот во Копа Либертадорес. За тимот од Рио де Жанеиро ова е втор трофеј во клупската историја. Првиот го освоија пред 38 години.

Фламенго до титулата на континенталното натпреварување стигнаа со драматичен триумф против Ривер Плата во финалето. Бразилците со головите на Габриел Барбоса Габигол во последните минути од мечот го свртеа резултатот во своја полза и победија.

Да биде „фештата“ уште поголема во Рио де Жанеиро се погрижија фудбалерите на Гремио кои со 2-1 го совладаа Палмеирас и го промовираа Фламенго во нов државен шампион во Бразил.

OhridNews