Првиот Македонец во НБА лигата Перо Антиќ со тимот на Атланта Хоукс потпиша милионски договор на две години.

Во првата година од двогодишниот договор Антиќ ќе заработи 1 200 000 долари, а во втората за да се исполни сумата од 2 450 000 Антиќ ќе заработи 50 долари повеќе.

Најплатен кошаркар во тимот на „јастребите“ е крилниот центар Ал Хофорд, кој заработува 4 милиони долари по сезона.

Според анализите Антиќ ќе биде од голема помош за играта под кошевите за Атланта, која лани во завршницата од НБА лигата претрпе елиминација од Индијана 4-2.

Мх.П.