Милиони деца во целиот свет, и во богати и во сиромашни земји, сеуште се во некоја форма на ропство, објави британската организација „Да ги заштитиме децата“, која исто така смета дека само во „секс индустријата“ се злоупотребуваат 1,8 милиони деца.
И во Велика Британија, се тврди во извештајот, а и од најугледните хуманитарни организации, моментално постојат 5.000 проститутки помали од 18 години. Најразвиена е трговијата со деца, во која годишно на црно се продаваат околу 1,2 милиони деца, вклучувајки и штотоку родени бебиња. Оваа гранка од организираниот криминал годишно им носи приход на организаторите од околу 22,5 милијарди евра.
Формата на „детско ропство“ британската организација ја категоризира во осум категории, од проституција и трговија со деца, преку присилана работа до класично домашно ропство. Во светот околу 132 милиони деца под 15 години, работат во земјоделството и тоа без никаква заштита. Регистрирани се и околу 300.000 илјади деца-војници дури и во државни арми. Во последно време, се вели во извештајот, проширен е и „бизнисот“ со детски бракови. Тоа се работи и на начин со „каталошка продажба по пошта“, или со понуда на интернет.
Британската организација анализата ја изработи по повод 200 години од укинувањето на ропството во Велика Британија и британската империја, но се истакнува дека оваа појава не е само дел од минатото.
извор: Блиц