Американката Викторија Хант лежи на милиони, но уринира во шише бидејќи штеди вода. Оваа богаташка од Колумбус, Охајо, внимава на секој долар кој го заработува од изнајмувањето на своите многубројни недвижности.
Живее исклучително скромно, трошејќи само 12 илјади долари годишно. Освен што уринира во шише, Хант се тушира во теретаната во која вежба наместо дома, „копа“ по контејнерите и ја пребарува шумата за храна, готвејќи оброци на заеднички шпорет.