Фудбалерите на Борусија Дортмунд освоија само бод на домашен терен ремизирајќи 3-3 (0-3) со фенерџијата на табелата Падерборн во првиот меч од 12-та рунда во Бундес лигата.

Гостинскиот состав може да жали за преостанатите бодови бидејќи на полувреме имаше водство 3-0 и речиси во текот на цело второ полувреме. „Милионерите“ со два погодоци во последните пет минути комплетно го анулираа водството на Падерборн но немаа сили за целосен пресврт до крајот на дуелот.

И покрај позитивниот резултат во Дормунд, Падерборн останува на последната позиција додека „жолтите“  кои се наоѓаат на петтото место можат да паднат неколку позиции ако конкурентите победат во 12-та рунда.

OhridNews