Фудбалскиот клуб Борусија од Дортмунд започна да прави конкретни планови за следната сезона, назначувајќи го Марко Розе за нов тренер на сениорскиот колектив.
Розе палката на „Сигнал Идуна Парк“ ќе ја преземе од Борусија Менхенгладбах каде тренер е од 2019 година. Претходно, 44-годишниот германски стручњак беше предводник на австриски Салсбург и Локомотив Лајпциг.
„Милионерите“ во текот на сезоната отказ му врачија на Лусиен Фавр и го промовираа Един Терзиќ, кој не ги исполни очекувањата. Розе треба да биде вистинско и долгорочно решение, бидејќи се работи за квалитетен и пред се млад стратег.
OhridNews