Нема повеќе непоразени екипи во германската Бундес лига, откако водечката екипа на табелата Борусија Дортмунд „падна“ во Дизелдорф. „Милионерите“ капитулираа против Фортуна која славеше со 2-1 пред своите гледачи.

Дека нема биде лесен дуелот на „Меркур“ арената фудбалерите на домашниот состав на „милионерите“ им најавија во првите 20-тина минути кога поведоа со 1-0. Работите дополнително за гостите од Дортмунд се закомпликуваа на стартот од второто полувреме, кога домаќините зголемија на 2-0. Во 80-та минута лидерот на табелата намали на 2-1, но немаше сила за уште еден погодок со кој ќе освоеше бод и ќе го избегнеше првиот пораз.

Резултати: Борусија Менхенгладбах – Нирнберг 2-0, Фортуна Дизелдорф – Боруија Дортмунд 2-1, Херта – Аугзбург 2-2, Волфзбург – Штутгарт 2-0.

Табела: Б. Дортмунд 39, Б. Менхенгладбах 33, Баерн Минхен 30 (-1), Лајпциг 28 (-1)..

OhridNews