Екипите на Борусија Дортмунд и Јувентус, победија во националните шампионати, совладувајќи ги Лајпциг (3-1) односно Сасуоло (3-1) но скапо ги чинеше откако загубија неколку фудбалери поради повреди.
Во составот на „милионерите“ се повреди Алекс Витсел. Белгиецот ја скина тетивата и ќе биде надвор од стројот до крајот на сезоната.
Се оствари најцрното сценарио. Витсел имa сериозна повреда на тетивата. Ќе мора да се направи операција, а потоа да паузира. – стои во соопштението од клубот.
Страгетот на Јувентус, Андреа Пирло на синоќешниот натпревар со Сасуоло мораше направи принудни измени после повредите на Вестон МекКени и Пабло Дибала. Се уште не се знаат точните дијагнози на повредите на МекКени и Дибала, но двоецот е под сериозен прашалник за дербито со Интер.
Дуелот со Сасуоло, поради позитивни тестови на вирусот ковид -19 го пропуштија Матијас де Лихт, Алек Сандро и Квардадо. Најверојатно, триото ќе биде фит и ќе конкурира за составот за претстојното дерби со „нероазурите“.
OhridNews
Бундес лига: „Милионерите“ го преслушаа Лајпциг, Шалке конечно победи (видео)