Германскиот вицешампион Борусија Дортмунд со 3-2 го совлада Европскиот првак Ливерпул на тест средбата која се одигра во склоп на Интернационалниот куп на шампиони.

„Милионерите“ од 53-та до 58-та минута два пати ја затресоа мрежата на „црвените“ и обезбедија доволна предност за победа. Во првото полувреме двете екипи постигнаа по еден погодок, а германците реализираа еден повеќе во вторите 45 минути.

Во рамките од Интернационалниот куп на шампиони денеска силите ќе ги одмерат Манчестер Јунајтед – Интер, Бенфика – Гвадалхара, Арсенал – Фиорентина и Баерн Минхен – Реал Мадрид.

OhridNews