Заврши трансфер сапуницата околу новершката сензација Ерлинг Халанд, откако Борусија Дортмунд се сложи да ја плати бараната оштета од австрскиот Салзбург. „Милионерите“ на сметката од Салзбург ќе платат 21 милиони долари, а фудбалерот на „Сигнал Идуна Парк“ ќе заработува по 600 000 евра месечно.
Тимот на Борусија Дортмунд беше најбрз и конкретен во преговорите со Салзбург иако фудбалерот најмногу се поврзуваше со Манчестер Јунајтед и Јувентус. Англискиот премиерлигаш и италијанскиот првак изостанаа во борбата и останаа без едно од планираните засилувања за втората полусезона во европскиот фудбал.
19-годишниот фудбалер голгетерски експлодираше оваа сезона постигнувајќи 22 погодоци на 28 натпревари во сите натпреварувања. Вниманието го привлече со осумте погодоци во фазата по групи во ЛШ, што претставува нов рекорд со оглед дека Халанд беше дебитант во елитното друштво
OhridNews