Полицијата на Нов Зеланд покренала меѓународна потерница по еден пар кој исчезнал откако една банка по грешка им уплатила 6,1 милион долари на нивната сметка. Помош е побарана и од Интерпол.


Мажот и жената кои биле вработени на една бензинска пумпа се пријавиле во банката за пречекорување на лимитот од 6000 долари, но по грешката на нивната сметка стигнале 6 милиони долари. Банката смета дека тие ги украле парите, иако признаваат дека по нивна грешка бегалците станале милионери.