Курт Дегерман, познат како Курт конзервата, освен што бил скитник кој собирал конзерви и шишиња од ѓубрето, бил и вложувач на берзата, чие богатство се проценува на 700 илјади фунти. Исто така бил сопственик и на куќа, како и на злато кое се проценува на 250 илјади фунти.


Кога не бил на улица времето го поминувал читајќи берзански извештаи и финансиски вести. Освен големото богатство кое го поседувал, во неговата куќа биле пронајдени и 270 фунти во монети, за кои се претпоставува дека ги заработил продавајќи конзерви. Голем дел од своето наследство оставил на внукот, кој редовно го посетувал пред неговата смрт.