На милионерите со авантуристички дух кои сакаат да трошат големи износи познатата аукциска куќа Бонхамс им организирала бизарна но и скапоцена аукција. На аукцијата бил понуден цел тексашки град, фудбалер од премиер лигата и борбен авион од втората светска војна.


Британскиот тајкун Стив Брукс не се двоумел и платил огромен износ за авионот, што претставува најголема сума платена за авион од втората светска војна. После војната бил продаден на африканското воздухопловство. Повторно бил откриен на еден отпад во 70-тите години на минатиот век, пред да биде продаден бил реставриран.