Еден од најбогатите британски тајкуни признал дека никогаш не научил да чита. Андреас Панајоту е мултимилионер кој има 45 години, а кој не може да ги прочита ниту своето име и презиме. Но, затоа неговото богатство се проценува на 656 милиони долари. Причината поради која не умее да чита не е незнаењето, туку дислекцијата. Како дете многу се трудел да научи да чита, а со дислекцијата се справувал на тој начин што ги памтел формите на некои клучни зборови. Тој е горд татко на пет деца и е на 200 место на листата за најбогати Британци.


Тој е роден во кипарско семејство. Претходно се занимавал со бокс, но вистинскиот успех го достигнал со недвижности, најчесто изградба на хотели и други објекти. Признал дека додека вози на патиштата сеуште има потешкотии, бидејќи мора да се концентрира како би дешифрирал што кажуваат сообраќајните знаци. Пополнувањето на документи исто така му претставувало голем проблем, а тој научил како да избегнува такви ситуации со паметна организација на своите активности.