Мултимилионерот Дамон Буфини, шеф на лондонскиот инвестициски фонд и советник на премиерот Гордон Браун, им укажал на своите вработени на фактот колку се тие среќни што се уште имаат работа на многу необичен начин.
На Буфини му здодеал пристапот кон работата на неговите вработени кој, по негово мислење, бил незадоволувачки, па во својата канцеларија нарачал 100 хамбургери од најблискиот Мек Доналд ресторан. Ги оставил да стојат 48 часа пред состанокот на кој на вработените им укажал дека тие се многу среќни што се воопшто вработени и дека веќе нема да има ручање по скапи ресторани.
Вработените морале да ги изедат хамбургерите, кои, за право, претходно биле подгреани. Инцидентот се случил уште пред Божиќ но дури сега излегол во јавност. Колку таквиот метод влијаел на подигањето на моралот на вработените, се уште не се знае.