Уругвајскиот претседател Хозе Мухика е најсиромашниот претседател на светот. Симпатиите на светот ги собрал токму со фактот што во потполност се изедначил со својот народ, чека во редови за болница, а единствен имот ми е автомобил од 1987 година. Токму за тој автомобил, 27 години стара Волсваген Буба, еден арапски шеик му нуди милион долари. Својата понуда шеикот ја дал на самитот одржан во Боливија.
Мухика, познат кај народот како Пепе, рекол дека доколку дојде до продажба, тие пари ќе ги пренасочи во владиниот проект за стамбено згрижување на сиромавите. Пепе има плата од 11 илјади долари, но голем дел од тој износ секој месец го донира за сиромавите луѓе.